Индексот на трошоците на живот, кој што е клучен показател за движењето на инфлацијата, во март се зголемил за 1,7 отсто во споредба со истиот месец лани. Ова е четврти месец последователно во кој инфлацијата во Македонија бележи намалување на годишно ниво. Претходно во февруари, таа изнесуваше 2,9 отсто, во јануари беше 3,4 отсто, а во декември минатата година 3,9 отсто. Индексот на цените на мало во март 2012 година, во споредба со март 2011 година, бележи пораст од 2,7 отсто. Гледано на месечно ниво, индексот на цените на мало пораснал за 0,7 отсто, а индексот на трошоци на живот се зголемил за 0,4 отсто. Порастот на трошоците на животот е резултат на повисоките индекси на јајцата за 11.2%, овошјето за 2.7%, мастите за 1.5%, кондиторските производи за 0.6%, месото и алкохолните пијалаци за 0.4%, преработките од риба за 0.3%, рибата, свежото и киселото млеко и млечните производи за 0.2%.
Индексот на трошоците на живот, кој што е клучен показател за движењето на инфлацијата, во март се зголемил за 1,7 отсто во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Ова е четврти месец последователно во кој инфлацијата во Македонија бележи намалување на годишно ниво. Претходно во февруари, таа изнесуваше 2,9 отсто, во јануари беше 3,4 отсто, а во декември минатата година 3,9 отсто.
Индексот на цените на мало во март 2012 година, во споредба со март 2011 година, бележи пораст од 2,7 отсто.
Гледано на месечно ниво, индексот на цените на мало пораснал за 0,7 отсто, а индексот на трошоци на живот се зголемил за 0,4 отсто.
Порастот на трошоците на животот е резултат на повисоките индекси на јајцата за 11.2%, овошјето за 2.7%, мастите за 1.5%, кондиторските производи за 0.6%, месото и алкохолните пијалаци за 0.4%, преработките од риба за 0.3%, рибата, свежото и киселото млеко и млечните производи за 0.2%.
Во март, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај превозот на патници со воз за 50.9%, нафтените деривати за 5.1%, превозот на патници со авион за 4.3%, течните горива и гасот за 3.8%, централното греење за 1.4%, средствата за образование за 0.8%, средствата за хигиена и козметичките производи за 0.5%, облеката и електричните апарати за домаќинствата за 0.3% и лековите за 0.2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во март 2012 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај зеленчукот за 1.9%, преработките од месо за 0.7%, преработеното овошје за 0.5%, производите од жито за 0.4% и безалкохолните пијалаци за 0.2%.
Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележанo и кај туристичките аранжмани за 4.0% и телекомуникациските услуги за 0.3%.